За да изгледа реално, филмска тепачка се снима на повеќе мали делови кои подоцна се спојуваат во процесот на монтажа. Заради тоа во филмовите можеме да видиме како камерата менува многу позиции за време на тепачката. Камерата е така наместена што не може да се види на која оддалаченост се актерите. На тој начин се создава илузија дека се многу блику и дека имаат физички контакт. Но, тие не се допираат кога ги работат овие сцени, а со звучните ефекти се постигнува ефект на тепачка.

t3

Секоја сцена внимателно се прегледува непосредно по снимањето, за филмската екипа да се осигура дека движењата на актерите кои го примаат ударот се поврзани со движењата на другите актери кои ги удираат, со цел да изгледа реално зa гледачите.

t1

Уште еден начин да се сними тепачка и да изгледа добро на камера е кога актерите ги прават движењата успорено. Во филмовите од типот на Матрикс каде камерата е стабилна во текот на целиоот филм, сцените бараат многу вежба и кореографија од актерите и од камерманите и вклучуваат многу додатоци и јажиња.

Еве еден практичен совет: секој што сака да стане актер пожелно е да совлада некоја боречка вештина. Многу е веројатно дека некогаш ќе му се најде.

Тука фотографии од часовите во Тинтири Минтири на кои со актерот Ненад Нацев учиме како се снимаат каскадерски сцени и актерски акробации со тепачки.

Повеќе за уписите видете тука.