kamp

Цел

Примарна цел на овој камп е децата да доживеат едно несекојдневно искуство поврзано со филмот, каде ќе учествуваат во снимање на првата македонска авантура во дивина. Во текот на летниот период децата да бидат ангажирани на креативен начин, ќе бидат оддалечени од техниката (компјутер, телевизор, телефон) и ќе бидат поблиску до природата. Воедно, тие ќе се стекнат со вештини и знаења кои немаат можност да ги стекнат во текот на школската година. Новите искуства кои ќе ги научат како учесници на снимањата што се организираат во рамки на кампот, дополнително ќе ги заангажираат нивните ментални капацитети. Овој камп е своевиден предизвик за нив, преку тимска работа да раскажат една заедничка приказна со помош на филмот.

Организација

Кампот „Потрага по загубеното богатство“ се одржува од 26-ти јуни до 1 јули (5 ноќи, 6 дена) во Извидничкиот дом во Градовци во подножјето на планината Китка.

Тема на кампот

Група деца секојдневно ќе работат на задачата – снимање филм на тема „Потрага по загубеното богатство“, каде децата вистински ќе бараат богатство и ќе го најдат, а сето тоа ќе биде снимено со филмска камера. Во текот на снимањата децата покрај усовршувањето на актерските вештини ќе стекнат основни знаења за тоа што и како се режира, како се снима и се продуцира едно филмско дело, како се поставува природно и вештачко светло, работа со тон и уште многу други работи поврзани со филмот.
Воедно, децата ќе се стекнат и со основните вештини за снаоѓање во природа и напредни извиднички техники: палење на оган, подготвување на храна во природни услови и со користење на природни ресурси, поставување на камп, прва помош и заштита и сл.
Снимениот филм ќе биде презентиран јавно, спакуван како адаптирано аудио-визуелно четиво за деца. Секое дете ќе добие примерок од финалниот производ.

Возраст за учество

Можат да се пријават деца на возраст од 8 до 14 години.

Сместување и храна

Заради темата на филмот што ќе се снима, сместувањето на децата ќе биде во несекојдневни услови. Струјата што ќе ја користиме е од агрегат, тушевите се импровизирани и нема проточна вода, туку само изворска и флаширана. Сместувањето е во тврда градба, со можност за престој во шатори. Сето тоа е во интерес на нашата примарна цел – да снимиме филм за деца – авантура во дивина и тоа да изгледа веродостојно на филмското платно. Со помош на инструкторот за техники на преживување во природа, децата ќе се стекнат со основни искуства за тоа како се подготвува храна и засолниште во природни услови без присуство на техника и технологија. Прашањето што ќе не раководи е „Како ќе се снајдеш ако си изгубен на пуст остров?“. Филмот што ќе се сними ќе биде првата македоска авантура во дивина, а сите заинтресирани ќе можат премиерно да го гледаат на филмско платно.
Децата добиваат три главни оброци и две ужинки, флаширана вода и сок во секое време. Секојдневно се конзумира овошје во неограничени количини и салата со секој оброк.

Цена и рок на пријавување

Цената на чинење на овој камп е 12.000 денари. Рокот за пријавување на кампот е најдоцна до 20-ти јуни 2015 година.
Пријавувањето со врши на 078 30 21 61 или со испраќање на податоци на нашиот мејл kc.tintirimintiri@gmail.com. По пријавувањето ве контактираме телефонски околу сите детали. Целосната уплата се врши до 20-ти јуни 2015.
Цената на чинење за членовите на ДКЦ Тинтири Минтири е 10.000 денари.

Бројот на места е ограничен. Пријавете се на 078 30 21 61.

Тим кој ќе биде присутен на сет и во сите активности на кампот

режисер
педагог
снимател
обезбедување
медицинско лице
извидници x 2
експерт за екологија и животна средина (инструктор за преживување во природа)