Многумина од нас си мислат дека да се привлекува внимание на себе не е добра работа. Во одреден број случаи тоа е така, но доколку го привлечеме вниманието на другите на вистинскиот начин може да биде супер корисно. Ако другите ве забележуваат – тоа може да помогне како во работата, така и да овозможи голема популарност во училиште, на пример. Ако сакате да добиете внимание во позитивна смисла на зборот, мора другите да ви веруваат, а за тоа е потребно да се претставите добро и да бидете активни на социјалните мрежи.

f5bbba58c98a6fb387019496646b38c9

Еве неколку совети како да бидете забележани од другите на вистинскиот начин.

1. Ако не се согласувате со одредена тема на која се дискутира, искажете го своето мислење. Ако сте тивки и повлечени цело време, никој нема да ве забележи. Ако не се согласувате со некој или нешто, кажете го тоа! Луѓето забележуваат и почитувааткога некој има цврсти ставови. Еве неколку примери:

  • “Не ти се допаѓа новата наставничка по математика? Мене многу ми се допаѓа! Паметна е и строга.”
  • Иако сите играте Pokemon Go, јас мислам дека играта е бесмислена и нуди празна забава. Нема да почнам да ја играм!”

girls-shaking-hands

  1. Бидете пријателски расположени кон сите и ширете ги пријателствата. Колку повеќе луѓе запознавате, толку повеќе внимание добивате. Потрудете се да водите значајни разговори кога ќе ве запознаат со некого. Поканете ги на активности со вашите пријатели за да се чувствуваат прифатено. Градете врски со нови луѓе.
  1. Пронајдете и прифатете ги деловите од себе што ве прават единствени и фокусирајте се на нив. Така ќе се издвоите од другите и лесно ќе ве запаметат. Понекогаш токму она што вам ви се чини дека ви е маана, може да стане доблест во очите на другите за вас.