Отворени се зимските уписи на нови членови во филмското училиште Тинтири Минтири за  учебната 2020/21 година. Програмата е наменета за деца на возраст од 9 до 18 години. Заради здравствената ситуација со COVID19, изработивме посебен протокол за работа согласно кој ќе се одвива наставата и снимањата. Наставата во второто полугодие започнува од 01.02.2021 год.

Работиме според структурирана едукативна програма на менторска основа. Учениците учат сами да пишуваат, снимаат и монтираат филмови. При тоа ги запазуваме сите педагошки барања и дидактички принципи.

Нашата воспитна и образовна цел ја исполнуваме со јавно прикажување на работата во текот на годината, како и на завршна филмска премиера.

Работиме во неколку аудио-визуелни области: филмска и тв глума, филмско и тв сценарио, филмска и тв режија, креативно пишување, анимација, водители, радио драма, градење однос кон камера и јавен настап.

Сите заинтересирани можат да се информираат за уписите на тел. 078 30 21 61, во порака на Инстаграм или Фејсбук, да ни пишат на мејлот на kc.tintirimintiri@gmail.com или да ја пополнат ПРИЈАВАТА ЗА УПИС по што ќе ги контактираме.