Во периодот од 11 до 17 јуни 2017 година на брегот на Оридското Езеро се снимаше авантурата за деца Паника на бродот, во продукција на Аурипигмент и Тинтири Минтири.

Улогите ги играат Билјана Јовановска, Емилија Мицевска и Кузман Кузмановски, како и децата членови на филмското училиште Тинтири Минтири Васил Кумановски, Мила Серафимов, Филип Ѓурчиновски, Јелопи Седеу Нишевиќ, Дина Арабаџи, Николас Арабаџи, Иво Тојтов, Илија Кузмановски, Ведрана Милошевска, Кјара Блажев, Ива Марија Јовановска, Димитриј Анѓеловски и Мартин Чичовски.