1557aaddd751e70 (2)

Видео спотот за новата песна „Нашиот велосипед“ ќе се снима во петок (29 јуни). Ова е нова песна на Тинтири Минтири која е во продукција на Аурипигмент, според текст и музика на Еквилајзер, микс, аранжман и мастер на Александар Тодороски Алекс. Песната е во изведба на Давид Билбилов.

Во спотот се вклучени децата членови на филмското училиште Тинтири Минтири, како дел од летната програма на училиштето.