jas 4

Во тек е пријавувањето за третата и последна недела од летната интензивна програма на Тинтири Минтири.

Програмата во последната недела се одвива на 2, 4 и 6 јули во периодот од 09:00 до 13:00 часот во просториите на Тинтири Минтири во центарот на Скопје (ул. Даме Груев бр.7).

jas ti toj

Може да учествуваат деца на возраст од 9 до 15 години.

Активности кои ќе се реализираат во овој период: подготовка на содржини и снимање на скечеви, снимање на краток филм во техника стоп-анимација, снимање на предизвици, средби со популарни актери и многу друго.

Материјалите што ќе бидат снимени ќе се прикажуваат во популарната детска емисија Тинтири Минтири Шоу која се емитува секоја недела во 11:00 часот на Канал 5 телевизија во текот на летниот период.

Цената за неделно учество изнесува 1.800 денари.

Пријавувањето се врши ТУКА или на и-мејл: kc.tintirimintiri@gmail.com

Контакт телефон за повеќе информации: 078 30 21 61

jas 4

jas 5 jas 7 jas ti toj