8365df6fe220c42e499bfdcda6a5d9de

„Кога се групираат децата според возраст е исто како кога се групираат според висина!“ – Дебора Руф

Постојат бројни карактеристики кај децата кои упатуваат на тоа дека станува збор за надареност.  Одредени однесувања се заеднички кај сите надарени деца и упатуваат на тоа дека детето учи и размислува на напредно ниво. Еве неколку примери:

– ран развој на говор

    – апстрактно мислење
    – силна меморија
    – капацитет за фокусирање и концентрација на една задача
    – интелектуална љубопитност
    – силна мотивација за учење

Надарените деца на најмала возраст можат да се однесуваат пософистицирано во споредба со врсниците. Тоа може да има различни исходи. На пример, резултатот може да биде да ја преземат улогата на лидер во играта со други деца, или пак да им ја отежне интеракцијата со другите и да не се вклопат добро во средината.

Многу често формалните тестови за интелигенција не помагаат да се открие надареноста кај малите деца. Овие тестови секако помагаат во подоцнежниот период, кога детето е повозрасно.

Персоналот во училиштата обично има можност да ги откријат талентите на децата преку IQ тестови, преку нивно континуирано надгледување и слично. Сепак, најдобар проценител за надареноста на детето е родителот.

Родителот може инстиктивно да ја почувствува надареноста кај своето дете.

Раното откривање на надареноста е многу важно, пред се за да може да му се помогне на детето да почне да ги усовршува своите вештини.

momreadingtobaby_0

Надарените деца се разликуваат од останатите така што тие често не се пронаоѓаат во околината како останатите деца, често се фокусирани на невообичаени работи, знаат да бидат невнимателни за разлика од останатите деца на нивна возраст. Заради сето ова раната идентификација е сважна за да родителите за тие да ја разберат причината зошто нивните деца се поразлични од останатите.

Некои надарени деца деца не можат да ја следат наставата во училиште поради нивната висока интелегенција.Овие деца можат да имаат проблеми со  вниманието и концентрацијата, можат да имаат слаби организациски вештини или пак едноставно не се снаоѓаат во наставниот процес. Родителите кои се свесни за надареноста на своето дете полесно можат да  соработуваат со училиштето за да му помогнат на своето дете да си го подобри својот потенцијал и да не го запостави учењето.

Children with teacher draw paints in play room. Child care.

Надарените деца најчесто се многу емотивни . Исто така имаат поголемо сочувство за одредени ситуации.

Кај надарените деца може да се појави голема хиперактивност, потреба постојано да зборуваат, да се движат и да истражуваат. Тие често мислат и зборуваат брзо.Тоа е така поради тоа што се трудат да зборуваат исто толку брзо колку што размислуваат. Понекогаш стануваат нетрпеливи кога некој во нивна околина зборува и се изразува споро.

Надарените деца често поседуваат силни лидерски вештини. Тие преземаат одговорност и ги водат останатите деца. Лесно соработуваат со децата кои се повозрасни од нив.

Надарените деца уживаат кога се сами. Секогаш си наоѓаат активности, читаат , цртаат , пишуваат набљудуваат и слично.

И уште еден интересен факт: надарените деца се јавуваат во еднаков број во сите социо-економски и културни групи.