Untitled design (26)

На 5 и 6 октомври (понеделник и вторник) започнуваме со пробни снимања со почетничките групи во филмското училиште Тинтири Минтири. Снимањата ќе се одвиваат во редовните термини во кои групите посетуваат настава.

Untitled design (27)

Градење однос кон камера е една од вештините за кои ги подготвуваме членовите во Тинтири  Минтири. Снимањето може да биде напорен процес, особено кога се работи на филмски или телевизиски сет подолг период во континуитет. Но, со правилен пристап и тренинг, овој процес може да се претвори во возбудлива активност во која децата ќе ја почувствуваат магијата на камерата и рефлекторите.

childcamer4932031406407680

Камерата честопати предизвикува стрес и трема кај неискусните, несигурност и повлекување. Со правилен пристап процесот го претвара стресот во уживање, а несигурноста во самодоверба.

Актерско училиште -за или против

Посетување училиште за актери е директен начин детето да се вооружи со одредени вештини кои ќе му бидат полезни во голем број животни ситуации. Една од најважните придобивки секако е самодовербата.

Постојат деца кои се чувствуваат непријатно и нервозно кога треба да зборуваат пред поголема група деца. Непријатното чувството често е присутно и кај оние кои можеби не делуваат несигурно на прв поглед. Впрочем, колкумина од нас возрасните стануваат нервозни кога се подготвуваат за состанок на кој треба да имаат некаква презентација, или при подготовка на интервју за работа?
Токму овие ситуации се нешто што може да се реши и вежба на часовите по актерство. Вежбите и игрите што се реализираат на скоро секој час ги ставаат децата во ситуација слична на гореопишаната – поттикнуваат спонтаност и оригиналност во реакциите. Кога детето ќе се најде во слична животна ситуација – да прави презентација, да се бори за некоја идеја или интерес на групата, тоа ќе ја препознае матрицата од вежбите работени на часовите по глума и чувството на самодоверба се појавува спонтано.
 jas 4
 
Тимска работа
Некои деца уживаат да работат во друштво, додека одредени други се индивидуалци и избегнуваат тимска и групна работа. На часовите по актерство тимската работа е во центарот на вниманието. И најсамоуверените, кои преферираат сами да ја завршат работата, и оние кои имаат чувство дека не се вклопуваат во групата, се ставени во ситуација да мораат да соработуват со други за да имаат успешен настап.
Замена на улоги
На часовите по актерство децата постојано се ставаат во голем број ситуации со кои немаат можност да се соочуваат секојдневно. Ова е вредно искуство кое ќе им помогне да се снајдат секогаш кога ќе се најдат во нова животна состојба, а ќе ја препознаат од часовите по глума. И едноставно, ќе реагираат подготвено, како на веќе позната ситуација.
 za youtube trcaj
Забава и релаксација
Ова е секако нешто што е придобивка во секојдневието на денешното дете, со оглед на бројните стресни ситуации со кои се соочува во училиште и во семејството. Релаксација, хумор и добра забава – нешто што го прави среќно и задоволно секое дете.