Почитувани деца и родители, отворени се зимските уписите на нови членови во филмското училиште Тинтири Минтири за учебната 2022/23 година.
Програмата на Тинтири Минтири е наменета за деца на возраст од 6 до 18 години.
Фимското училиште Тинтири Минтири работи според структурирана едукативна програма на менторска основа. Учениците учат сами да пишуваат, снимаат и монтираат скечеви и филмови, како и театарски етиди и претстави. При тоа ги запазуваме сите педагошки барања и дидактички принципи.
Нашата воспитна и образовна цел ја исполнуваме со јавно прикажување на работата во текот на годината, пред сѐ преку едукативната забавна емисија Тинтири Минтири Шоу која веќе 6 сезони континуирано се емитува на Канал 5 телевизија, како и преку театарски претстави на средината или на крајот од учебната година и премиери на филмови во кои учествуваат нашите членови.
Работиме во неколку аудио-визуелни области: филмска и тв глума, филмско и тв сценарио, филмска и тв режија, креативно пишување, анимација, водители, радио драма, градење однос кон камера и јавен настап.
Настава се посетува еднаш неделно, а снимањата се во термини кои тековно ги одредуваме.
Со настава почнуваме од 18 јануари 2023 година, и тоа на две локации:
– студиото на Тинтири Минтири во Центар, Дом на културата Кочо Рацин ( Дом на градежници) веднаш спроти гимназијата Ј.Б. Тито
– во ООУ Блаже Конески во Аеродром, населба Мичурин
Сите заинтересирани можат да се информираат за уписите на тел. 078 30 21 61, во порака на Инстаграм или Фејсбук или да ја пополнат ПРИЈАВАТА, по што ќе ги контактираме.