slide_02

Второто издание на меѓународниот филмски фестивал за деца „Тинтири Минтири Филм Фест“ ќе се одржи од 10-ти до 12-ти јуни 2016 во Кинотека на Македонија, под мотото „Сподели го сонот.“

Овој фестивал нуди уникатна програма создадена од деца и наменета за деца, како и меѓународна филмска прогама од филмски професионалци од целиот свет.

„Овој фестивал е еден од ретките кој ја ангажира својата публика – децата, не само како пасивни гледачи, туку како активни создавачи на филмски дела. По пат на разни конкурси и работилници, како и во текот на целата година во нашето филмско училиште се обидуваме да ги мотивираме децата да почнат да размислуваат филмски и во насока на создавање на свои автономни уметнички дела. Ги учиме дека за да направат добар филм секако е битен талентот, но еднакво важна е и добрата идеја и истрајноста во тоа што се работи.“, вели м-р Кузман Кузмановски, директор на фестивалот и раководител на филмското училиште Тинтири Минтири.

И оваа година фестивалот нуди богата и разновидна програма која е наменета за деца до 18 годишна возраст.