Untitled design (2)

Новата играна серија „Лото и Лајка“ наменета за сите возрасти на гледачи ќе започне да се емитува на 10 ноември (недела) на Канал 5 телевизија во 11:20 часот. Серијата ќе се емитува со динамика еднаш во неделата со една реприза.

7

Станува збор за играна серија, комедија по својот жанр која е работена по оригинално сценарио на Кузман Кузмановски.

„Лото и Лајка се грнче и капаче. Се сакаат толку многу  што имаат шест деца. Во нивниот дом е бучно, има кавги, смешки, плачки. Има живот. Лото е архитект, а Лајка стоматолог. Но пред сè се татко и мајка. Тоа се ликови кои како да се излезени од стрип и на волшебен начин успеваат сè да зачинат со љубов. На моменти демократкиот поредок во куќата сфатен во стилот „секој си прави што сака и секому е се дозволено“ не функционира, па Лото и Лајка неретко се здружуваат во родителски сојуз. Извесен баланс прави сестрата на Лајка, Урсула, како и другите ликови кои дополнително ја загреваат атмосферата во домот на Лото и Лајка.“, вели авторот Кузмановски.

1

Главните улоги ги играат актерите Емилија Мицевска, Горан Трифуновски –  Пајак, Александа Павлова и други, како и децата членови на филмското училиште Тинтири Минтири Васил Кузмановски, Јелопи Седеу Нишевиќ, Илија Кузмановски, Бисера Илиева, Марија Глигоровска Румен Кузмановски, Лина Гаштова и многу други.

Серијата е во режија на Кузман Кузмановски, а во продукција на Аурипигмент од Скопје.

„Времето е сиво и тешко се дише во Скопје и Македонија. Сметам дека е право време да ги украсиме лицата со насмевки.“, вели Кузмановски.

2