tino5

На 22 јуни (петок) во просториите на филмското училиште Тинтири Минтири ќе гостува популарниот актер од Театар Комедија, Валентин Костадиновски – Тино.

Пријавените учесници на летната програма на Тинтири Минтири ќе имаат можност да поразговараат со Тино, за неговите искуства во сферата на актертвото и водителството, да му постават интересни прашања и да одглумат по нешто заедно со него.

Разговорот ќе биде дел од популарната детска емисија Тинтири Минтири Шоу која се емитува секоја недела во 11:00 часот на Канал 5 телевизија.

Повеќе за летната програма на училиштето можете да видите на линкот https://goo.gl/oGxekv.